Дома Фудбал Англија Видео: Жиру влезе и го ублажи срамот на Челси

Видео: Жиру влезе и го ублажи срамот на Челси

Во лондонското дерби Тотенхем со 3:1 го победи Челси во рамките на 13. коло од англиската Премиер лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челси на тешкото гостување го доживеа првиот пораз во Премиер лигата, па сега Спарси се на третото место и имаат пет бодови помалку од водечкиот Сити, односно три од второпласираниот Ливерпул.

Водечкиот гол за Спарси го постигна Деле Али по асистенција на Ериксен, а токму Данецот асистираше и на Хари Кејн во 16. минута за 2:0.

Ако кај гостите постоеше некоја надеж да можат да го избегнат поразот, таа исчезна во 55 минута кога Сонг Мин погоди за 3:0.

Се што можеше да направи Челси е да постигне утешен гол, кој во 85. минута го постигна резервистот Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Херојот на Иран има тешка животна приказна: Татко му не му давал да игра фудбал, па живеел како бездомник!

Иранскиот голман Алиреза Бејранванд стана вистински херој на иранската фудбалска репрезент…