Дома Останати Кошарка НБА Видео: Голден Стејн се врати на победите, одлично деби за Богдановиќ

Видео: Голден Стејн се врати на победите, одлично деби за Богдановиќ

Екипата на Голден Стејт го поправи впечатокот на стартот од новата сезона и ја запиша втората победа, овојпат на гости кај Далас. Одлично деби имаше Богдан Богдановиќ но неговиот тим загуби во Аризона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Триото Кари-Дурант-Томсон заедно постигнаа 75 поени. Кари беше најефикасен со 29, Дурант даде 25 поени, а Tомпсон 21.

Хјустон изгуби на домашен терен од Мемфис со резултат од 90-98. На домаќините не им помогнаа ниту расположените Гордон со 27 и Харден кој постигна 22 поени, бидејќи на спротивната страна дури петмина гостински кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а најмногу 26 Марк Гасол.

Конечно деби во официјален натпревар во НБА имаше Богдан Богдановиќ кој постигна 12 поени за Сакраменто, меѓутоа на крајот славеше Феникс со 117-115.

Останатите резултати: Детроит – Филаделфија 86:97, Мајами – Атланта 104:93, Милвоки – Шарлот 103/94, Далас – Голден Стејт 103:133, Сан Антонио – Торонто 101:97, Денвер – Вашингтон 104:109.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…