Дома Фудбал Видал по дебито за новиот клуб го критикуваше Сампаоли: Тој е лузер!

Видал по дебито за новиот клуб го критикуваше Сампаоли: Тој е лузер!

Поранешниот фудбалер на Јувентус Интер и Барселона, Артуро Видал, дебитираше за бразилскиот Атлетико Параненсе каде што пристигна од Фламенго.

Само што дојде во новиот клуб, Видал испрати критики за неговиот поранешен тренер, Хорхе Сампаоли.

Видал под водство на аргентинскиот стратег одигра 51 натпревар, но сега го нарече лузер.

„Навистина сум среќен што повторно играм, секогаш сум подготвен. Имав тренер кој е лузер, не знаеше да ги цени своите играчи. За среќа таа приказна сега е завршена и навистина сум среќен што нема да играм повеќе под негово водство“, изјави 36-годишниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …