Поранешниот репрезентативец на Франција, Метју Фламини, има намера да се врати на фудбалските терени после шестмесечна пауза.
Фламини минатата сезона ја помина во дресот на Кристал Палас кој му понуди нов договор по истекот на истиот, а од тој момент е слободен фудбалер.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Некои меидуми пренесуваа дека Фламини пред неколку недели се понудил на Јувентус, но според денешните информации тој е најблиску до преминување во Шпанија, поточна во Ла Лига 2.
За неговите услуги наводно интерес покажал шпанскиот клуб Рајо Ваљекано кој е спремен да му понуди договор, пренесува „Радио Марка“.
Рајо во овој момент се наоѓа на осмата позиција во втората шпанска лига со пет бодови помалку од лидерот Хуеска, а сигурно дека фудбалер како Фламини би дал огромен придонес за овој клуб.
Францускиот фудбалер во наредните неколку денови би требало да пристигне во Шпанија за да ги договори последните детали со челниците на оваа екипа.
Фламини својата кариера ја започна во Марсеј, а подоцна настапуваше за Арсенал, Милан и Кристал Палас.