Дома Фудбал Репрезентации Ветеранот Кјаер повеќе нема да игра за репрезентацијата

Ветеранот Кјаер повеќе нема да игра за репрезентацијата

Ветеранот Симон Кјаер по 15 години и 132 настапи во дресот на Данска одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повлекувањето од националниот дрес, Кјаер го објави на социјалните мрежи.

„Одлучив да се повлечам по 15 одлични години. Тажен сум затоа што чувството на единство кога сум во репрезентацијата ми значеше многу. Кога имав четири години и почнував да играм фудбал, не можев ниту да замислам дека ќе учествувам на шест Светски и Европски првенства, а ќе одиграм 132 натпревари.

Горд сум за големата привилегија да бидам и капитен во последните осум години. Благодарност до сите, Федерацијатам тренерите, персоналот, сите соиграчи, навивачите…“, порача Кјаер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Најемотивна сцена на СП: Постигна гол, па го зема дресот на тешко повредениот соиграч (Фото)

Канада против Катар имаше голема предност и контрола на натпреварот, но средбата во второт…