Мексиканскиот фудбалер од редовите на Ајакс, Едсон Алварез по четири години се одлучи да го напушти Амстердам и ќе продолжи во Лондон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денес тој беше промовиран како нов фудбалер на Вест Хем каде што пристигнува како замена за Даклан Рајс кој во трансфер вреден околу 100 милиони фунти се пресели во Арсенал.
Вест Хем за овој трансфер ќе плати третина од она што го доби за Рајс, односно 35 милиони евра.
Во претходниот период Алварез се поврзуваше со Борусија Дортмунд која во него гледаше наследник на Белингем, но тој трансфер пропадна, па „милионерите“ го доведоа Лукас Нмеча од Волфсбург.