Дома Фудбал Германија Вернер има ултиматум: Мора да донесе одлука што побрзо!

Вернер има ултиматум: Мора да донесе одлука што побрзо!

Раководството на Лајпциг очекува напаѓачот Тимо Вернер да донесе конечна одлука во наредните денови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вернер треба да донесе важна одлука – дали да си замине ова лето, или да остане уште една сезона и евентуално да потпише нов договор.

Неговиот договор истекува следното лето, па Лајпциг не сака да ја загуби својата ѕвезда без обештетување.

„Тимо треба да донесе одлука. Ние како клуб ја завршивме нашата работа. Му покажавме колку многу го цениме, му понудивме нов договор, и нема што повеќе да сториме“, изјави директорот на Лајпциг.

23-годишниот напаѓач одигра одлични три сезона во Лајпциг и постигна гол и во првото коло, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

ФФМ не ја исполни желбата на Вардар за натпреварот со Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одби барањето на Вардар за одложување на нат…