Дома Фудбал Вернер го изнервира Тухел со коментарите

Вернер го изнервира Тухел со коментарите

Тренерот на Челзи, Томас Тухел прилично остро реагираше на коментарите на напаѓачот Тимо Вернер.

Германскиот напаѓач јавно го искажа своето незадоволство од статусот во тимот и изјави дека сака да игра повеќе во пресрет на Светското првенство.

Таквите коментари го изнервираа тренерот Томас Тихел, кој остро реагираше.

„Изненаден сум бидејќи ќе бидам многу среќен ако сум млад човек и имам договор со Челзи. Ќе бидам еден од најсреќните луѓе на планетата ако имам договор со Челзи и не го разбирам ако го кажал тоа“.

„Ќе ја добие потребната минутажа кога ќе покаже квалитет што му е потребен за да го заземе тоа место и да го одбрани. Дали се вклопува во моите планови? Секако, тој е наш играч“, категоричен беше Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…