Дома Фудбал Англија Венгер призна дека погрешил што останал толку долго во Арсенал

Венгер призна дека погрешил што останал толку долго во Арсенал

Искусниот француски стратег, Арсен Венгер јавно призна дека направил грешка со тоа што предолго останал во Арсенал и на тој начин станал заробеник на сопствените амбиции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Венгер цели 22 години беше на кормилото на „топџиите“ кое го напушти на крајот на минатата сезона.

„Најголемата грешка во мојата кариера е можеби тоа што останав во ист клуб цели 22 години. Сакам да сум во движење и сакам предизвици, но во Арсенал станав заробеник на сопствените амбиции“, искрен беше Венгер.

Toj со Арсенал освои три титули во Премиер лигата и седум во ФА Купот, а во 2006 година играше во финалето на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клубот го доведе бесплатно како дете: Сега е откритие на Светското првенство и вреди 50 милиони евра

Современиот фудбал сведочи на смена на генерации во која познатите имиња полека се повлеку…