Дома Фудбал Англија Венгер потврди: Арсенал во проблеми пред дербито

Венгер потврди: Арсенал во проблеми пред дербито

Арсенал против ВБА ремизираше 1:1 и во утрешното дерби против Челзи има импертив од победа, но пред овој натпревар Арсен Венгер се соочува со сериозни проблеми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, за дербито против Челзи Арсен Венгер не ќе може да смета на Сеад Колашинац кој поради повреда нема да биде во конкуренција за настап.

Менаџерот Арсен Венгер откри дека листата на повредени фудбалери во Арсенал е навистина голема, но и истакна дека Месут Озил би можел да се најде во тимот за утрешниот натпревар.

„Листата на повредени фудбалери во овој момент е прилично долга, ги Колашинац и Кошчелни, а од претходно повреди имаат Монреал, Жиру, Рамзи и Озил. Од нив евентуална можност за настап имаат Озил и Кошчиелни, а Колашинац ќе биде надвор од терените две недели“, откри Венгер пред дербито со „сините“.

Арсенал во овој момент има 38 бодови после 21 одиграни кола и се наоѓа на петата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на приказната: Наполи се збогува со Елмас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од Наполи откако денеска заврши позајм…