Изминатите години навивачите на Арсенал му се лутеа на Венгер што не носи звучни засилувања, но францускиот стратег не отстапува од својата концепција.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јануарскиот преоден рок ќе ги остави „топџиите“ без најголемата ѕвезда, Алексис Санчез, Венгер веќе бара замена за Чилеанецот, а медиумите тврдат дека тоа ќе биде Бразилецот Малком од Бордо.
Меѓутоа, францускиот стратег уште еднаш ги разочара фановите и ја отфрли можноста Малком да пристигне во Арсенал во овој преоден рок.
„Малком е добар играч, но не сакаме да го донесеме. Не работиме на тој трансфер“, изјави Венгер, кој меѓу другото потврди дека Арсенал ќе биде активен на трансфер пазарот.
„Не ја отфрлам можноста да донесеме некој фудбалер. Ги разгледуваме опциите, но тешко е да се најде вистинско засилување во јануари“, додаде Венгер.