Дома Фудбал Англија Венгер најави супер интересен трансфер период и објасни зошто Англичаните доминираат оваа сезона

Венгер најави супер интересен трансфер период и објасни зошто Англичаните доминираат оваа сезона

0

Сезоната која завршува е фантастична за премиерлигашките клубови.

Во двете европски натпреварувања, Лигата на Европа и Лигата на шампионите ќе гледаме англиски финалиња. На 29-ти мај во Баку за трофејот во Лигата на Европа ќе играат Челзи и Арсенал, додека на 1-ви јуни за најпосакуваниот трофеј во Европа, оној во Лигата на шампионите ќе се борат Тотенхем и Ливерпул.

Ова е прв пат во историјата во двете европски натпреварувања да има четири финалисти од иста држава.

Сега во јавноста на оваа тема зборуваше човекот кој долги години работеше во Премиер лигата и сега е без ангажман, Арсен Венгер. Венгер објасни зошто според него Англичаните имаа ваква сезона.

„Најпрво, верувам дека луѓето во Англија одлично работеа. Второ, тоа е последица на финансиската моќ на клубовите од Англија и паѓањето на силните европски клубови. Да објаснам. Оние играчи од клубовите кои го водеа главниот збор во Европа остареа и не беа во позиција да прават разлика на теренот. Пример, Рибери и Робен немаа физичка спремност како во претходните години. Исто и во Барселона каде, Реал го изгуби Роналдо, во Јувентус остареа играчите во одбраната, а и Буфон повеќе не беше таму. Поради ова сигурен сум дека ќе имаме супер интересен трансфер период“, изјави Венгер.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси бара од претседателот на Барселона да го врати Нејмар на Камп Ноу

Нејмар во 2017. година во трансфер вреден 222 милиони евра ја напушти Барселона и премина …