Во фудбалот се најавуваат промени, УЕФА го зголеми бројот на учесници на ЕП, а ФИФА сега има намера да воведе Мундијал на секои две години.
Ако се случи тоа значи дека секоја година ќе имаме по едно големо натпреварување. Поранешниот стратег на Арсенал, а денес директор на секторот за промоција во фудбалот на ФИФА, Арсен Венгер ги најави промените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Венгер истакна дека целта на ФИФА не е заработка на пари туку да ги стави фудбалерите и публиката во прв план.
„Ние имаме за цел да го подобриме квалитетот на фудбалот така што натпреварите ќе бидат почести. Календарот на репрезентациите е одреден до 2024 години, а за потоа постојат можност за промени. Сакаме да ја зголемиме фрекфенцијата, но и да ги поедноставиме натпреварувањата“, изјави Венгер.
Идеите на Венгер се фудбалот да се игра во текот на еден месец, во рана есен и пролет, односно октомври и март. Ќе има завршен турнир, Европско или Светско првенство на крајот од секоја сезона. Се останато ќе биде резрвирано за клупскиот фудбал.
„Сакаме квалификациите за големите натпреварувања да ги поделиме во термина, октомври и март. Така работите би биле полесни и за репрезентациите и за клубовите. Секоја година така би имале еден квалификациски, но и завршен турнир на крајот од секоја сезона. Тоа би било Светско првенство, па континентално првенство…и повторно. Помеѓу тие датуми играчите цело време ќе бифат во клубовите што секако би им одговарало. Луѓето денес сакаат натпреварувања чиј формат лесно ќе го разберат“, објасни Венгер.