Дома Фудбал Англија Венгер: Англичаните со потпишувањето на Суперлигата, потпишаа уништување на Премиер лигата

Венгер: Англичаните со потпишувањето на Суперлигата, потпишаа уништување на Премиер лигата

Арсен Венгер иако во 2009 година имаше изјава за потребата на една Европска Суперлига и на некој начин тоа беше негово предвидување за тоа што се случи во неделата, сепак тој беше и еден од оние луѓе кои порачаа дека во таков формат тоа натпреварување не може да опстане долго.

Сепак, тешко дека и тој веруваше дека Суперлигата како „кула од карти“ ќе се сруши само 48 часа по објавата за официјалното формирање.

„Не сум изненаден, но не очекував дека толку брзо ќе се случи. Сите клубови кои потпишаа договори за Суперлигата ги игнорираа основните принципи на спортот, такво нешто навивачите никогаш нема да прифатите, а сите знаеме дека без нив фудбалот не може да се игра. Штетата е веќе направена помеѓу премиерлигашите и тешко ќе се поправи“.

Венгер е изненаден што така реагирале англиските клубови.

„Англија ја има најсилната лига во светот и со потпишување на Суперлигата тие практично потпишаа уништување на Премиер лигата, искрено не знам како се решија на таква одлука, мене ми е неверојатно“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Панче Ќумбев со анализа и предлози за последните дуели од Група А

Група А: Италија – Велс ( време: 18:00 ч. ) Најдобриот фудбал до сега на шампионатот го пр…