
Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓
На позицијата кружен напаѓач Еурофарм Пелистер направи најмногу промени ова лето.




Клубот го напуштија Кушан, Граџан и Никола Маркоски, а на нивно место пристигнаа Жарко Пешевски и Денис Васиљев. Битолскиот состав денес го претстави ракометарот кој пристигна од Мотор Запорожје.




„Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола.




Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација“, изјави Васиљев.