Екипата на Вардар претрпе убедлив пораз во денешниот натпревар против Шкендија во Тетово.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Работата домаќините ја завршија уште во првите 45 минути кога постигнаа три гола. По само три минути игра Трумчи ја погоди мрежата на Гачевски, а Ибраими веќе во 13. минута го матираше Гачевски за 2:0.
Пред истекот на половина час игра Шкендија дојде и до трет гол кој беше дело на Ахмеди. Тетовскиот тим создаде и уште некоја прилика за да постигне уште некој гол, но на пауза се замина со 3:0.
Во вториот дел домаќините постигнаа еден гол за конечни 4:0. На 15-тина минути до крајот на натпреварот видовме и инциденти во кои од трибините беше погоден голманот Гачевски, а имаше турканици и помеѓу фудбалерите (ТУКА)..
Во останатите натпревари Брера со истиот резултат беше подобра од Пелистер, Беса запиша триумф од 1:0 против Воска, Работнички на Арената го совлада Шкупи со 2:1, додека средбите Струга – Гостивар (2:2) и Тиквеш Силекс (0:0) завршија без победник.