Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар рутински до нова победа во СЕХА

Вардар рутински до нова победа во СЕХА

Вардар рутински стигна до седмата победа во седмиот меч од регионалната СЕХА лига, победувајќи го српскиот тим Динамо Панчево со убедливи 42:32.

По големата победа на гости кај Загреб, тренерот Раул Гонзалес се реши за комбиниран состав против српскиот тим, кој беше доволно силен да се заддржи максималниот успех во СЕХА лигата.

Најрасположен за голови беше Марсениќ со 7 погодоци од осум обиди, додека по шест гола ставија Жоан Кањељас и Иван Чупиќ.

Арпад Штербик беше одлично заменет од Страхиња Милиќ кој мечот го заврши со 24 одбрани, а Даниел Ѓорѓески имаше 11 интервенции. Кај гостите најефикасен беше Стефан Шапоњиќ со осум гола.

Ова беше совршена подготовка за „црвено-црните“ пред саботната пресметка со германскиот гигант Рајн-Некар Левен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Галевски со 13 одбрани го предводеше Алкалоид до бодовите кај Бутел

Алкалоид победи со 29-24 на гостувањето кај Бутел и стигна до седмата првенствена победа. …