Дома Останати Ракомет Вардар работи со полна пареа: Пред потпис се Талески, Доленец и Танген?

Вардар работи со полна пареа: Пред потпис се Талески, Доленец и Танген?

Во Вардар работите конечно деновиве работите изгледаат подобро.

Од кога беше потврдено дека Михајло Михајловски се враќа на чело на црвено-црните потврдени беа продолжувањата на договорите со Стоилов, Дибиров, Чупиќ, Дисингер и Калараш.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Се работи и на засилувањата покрај Русинот Санталов кој од договорен од претходно, од пред некој ден е договорен и францускиот голман Робин Кантегрел, блиску е и Португалецот Мигел Мартинс Соареш.

Алушовски пред некоја недела потврди дека Филип Талески има понуда да дојде во Вардар, а се сега се најавува дека македонскиот репрезентативец би можел да ја прифати.

Освен Талески, се споменуваат имињата на Елвин Танген и Јуре Доленец.

Танген е долгогодишен репрезентативец на Норвешка со која на последните две светски првенства освои сребрени медали, тој би дошол во Вардарп осле две години во Скјерн.

Доленец пак во Барселона е три години, за репрезентацијата на Словенија одигра 126 натпревари и постигна 447 голови. Претходно играше уште за Горење и Монпелје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Микел Хансен ги шокираше фановите – со овој имиџ нема да го препознаете! (Видео)

Данскиот ракометен ас и еден од најдобрите играчи во историјата, Микел Хансен, направи изн…