Oд редовите на Вардар утроо објавија дека Срѓан Захариевски повеќе не е тренер на клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Твитер профилот црвено-црните соопштија дека спогодбено се разделуваат со Захариевски кој беше трет тренер од почетокот на сезоната. Претходно тимот го водеа Горзад Михаилов и Горан Петрески.
Ситуацијата со Вардар во овој момент е и тоа како загрижувчка бидејќи тимот се наоѓа на последното место на табелата со само осум бодови и шест порази на последните седум натпревари.
Ваквиот старт за Вардар е најлошиот во историјата на најтрофејниот македонски клуб.