Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар и Пелистер дербито ќе го играат на Арената под рефлектори

Вардар и Пелистер дербито ќе го играат на Арената под рефлектори

Како и во првото, така и во второто коло ќе има натпревар во македонската Прва лига кој ќе се игра под рефлектори и „вечното дерби“ помеѓу Вардар и Пелистер.

Сезонава Вардар се враќа на Арената, а веќе во второто коло ќе се соочи со големиот ривал од Битола. Натпреварот е закажан на 18. август во терминот од 20:00 часот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Вардарци сезоната ја започнаа лошо со пораз од 3:1 против Брера, додека Пелистер ремизираше 1:1 со амбициозниот Гостивар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…