Рафаел Варан може да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната и да се пресели во Манчестер Јунајтед, тврдат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дефанзивецот има договор со „кралскиот“ клуб до 2022 година и доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе мора да биде продаден.
Манчестер Јунајтед покажува најсериозен интерес за Французинот и наводно веќе спремил понуда од 60 милиони евра.
Како што пишува „Дејли Мејл“, една од примарните трансфер цели на Јунајтед ќе биде ангажман на Рафаел Варан. Солскјер бара партнер за Мегваер и смета дека Французинот ќе биде идеална опција.