Дома Фудбал Варан се отвори пред јавноста: Сведоци сме дека има криза, а еве ја причината за тоа…

Варан се отвори пред јавноста: Сведоци сме дека има криза, а еве ја причината за тоа…

По четири во низа победи во сите натпреварувања, Реал Мадрид доживеа нова катастрофа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во денешниот дуел од 13. коло во Ла Лига, кралскиот клуб изненадувачки беше поразен од Ејбар со високи 3:0, со што се потврди како кризата во Реал Мадрид и натаму трае.

По поразот во таборот на Мадриѓаните владееше големо разочарување, а пред новинарите застана дефанзивецот Рафаел Варан, кој смета дека проблемот е во колективот.

„Ејбар игра отворено, освојуваа топки и ни беше тешко. Не бевме во можност да играме онака како што знаеме и сакаме, не бевме раскошни. Проблемот е во колективот. Мораме да се обединиме и да дадеме се од себе во следниот меч“, истакна Варан и додаде:

„Нема многу филозофија, мораме да се подобриме“.

Реал Мадрид во шпанското првенство моментално се наоѓа на шестата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен гол е виден вечерва во Ла Лига

Натпреварот од 36-то коло од шпанската Ла Лига помеѓу Селта Виго и Леванте е во тек, а кон…