Дома Фудбал Останато Ван Перси: Играчите на Јунајтед го прекршија златното правило на Фергусон

Ван Перси: Играчите на Јунајтед го прекршија златното правило на Фергусон

Робин Ван Перси, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед се придружи на Пол Сколс и останатите легенди кои го критикуваа денешниот тим на „црвените ѓаволи“ после поразот од Башакшехир (1:2) во Лигата на шампионите.

Ван Перси потенцираше дека ваков натпревар никогаш не би бил одигран ако тренер е Алекс Фергусон.

„Не се трудеа доволно, мораше да бидат по жестоки во дуелите и да дадат се од себе. Во мое време Фергусон имаше златно правило. Не е проблем да се изгуби натпревар, но не смее да се случи да трчаме помалку од противникот. Секогаш сакаше да види дека се трудиме и даваме се од себе. Мислам дека Башакехир истрча повеќе од Јунајтед, такво нешто не смее да им се случува, тоа не е прашање на квалитет или вештина, тоа е прашање на желба и концентрација“, изјави Ван Перси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Панче Ќумбев со анализа и предлози за последните дуели од Група А

Група А: Италија – Велс ( време: 18:00 ч. ) Најдобриот фудбал до сега на шампионатот го пр…