Дома Фудбал Останато Ван Перси го советува Јунајтед: Купете го Кавани, тој е гол машина

Ван Перси го советува Јунајтед: Купете го Кавани, тој е гол машина

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси кој беше најдобар стрелец на клубот при освојувањето на последната титула во Премиер лигата, го посочи идеалниот напаѓач за „ѓаволите“.

Според Холанѓанецот, Единсон Кавани е идеално решение за нападот на Манчестер Јунајтед за следната сезона.

„Кавани. Дефинитивно би тргнал по Кавани. Тој е фит и е докажан голгетер, гол машина, го докажа тоа во Наполи, ПСЖ и Уругвај. Со него, ако стартува, ќе добиете 25 гола во сезона. Го имам гледано како игра. Играв и против него, тој е неверојатен голгетер. Живее за да постигнува голови и јас би тргнал по него“ –изјави Ван Перси.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бензема со дополнување на изјавата за Жиру: Видете, ако ме споредите со „стариот“ Роналдо тогаш ја сум картингот

„Не мешајте Формула 1 со картинг. Да, јас во таа приказна сум Формула 1“. На овој начин Бе…