Дома Фудбал Останато Ван Нистерлој тврди дека Капело лаже: Никогаш не сум кажал дека соблекуваланта смрди на алкохол

Ван Нистерлој тврди дека Капело лаже: Никогаш не сум кажал дека соблекуваланта смрди на алкохол

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело во интервју за „Скај Спорт“ зборуваше за времето додека беше во редовите на „кралевите“, во сезоната 2006/2007.

Капело помеѓу другото зборуваше дека Бразилецот Роналдо бил најталентираниот фудбалер кој го тренирал, но и бил играч кој му правел најголеми проблеми (повеќе за ова – тука).

Исто така кажа и дека Руд Ван Нистерлој во една прилика му кажал дека соблекувалната смрдела на алкохол.

Оваа изјава стигна и до Ван Нистерлој, кој тврди дека тоа не е точно.

„Фабио Капело изјави дека јас во една прилика сум кажал дека соблекувалната смрди на алкохол. Категорично ги отфрлам таквите тврдења, соблекувалната од првиот ден беше повеќе од професионална“, порача Ван Нистерлој.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…