Репрезентативецот на Холандија, Дони Ван Де Бек сака да го напушти Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Манчестер Јунајтед Ван Де Бек пристигна минатата година од Ајакс и се очекуваше да биде големо засилување за тимот на Солскјер. Сепак, Холанѓанецот не успеа да се наметне кај Норвежанецот и не добиваше голема минутажа.
Поради ваквата ситуација Ван Де Бек има намера да седне на преговори со раководството на Јунајтед и на тој состанок ќе побара да ја промени средината.
Јунајтед за неговите услуги на Ајакс му плати сума од 40 милиони фунти, а јасно е дека нема да може да ја врати платената сума.
За Холанѓанецот интерес покажуваат Рома, Милан и Ајакс, кои сакаат да го донесат играчот на едногодишна позајмица со право на откуп.