Дома Фудбал Ван дер Сар открива: Три големи ѕвезди го напуштаат Ајакс на крајот од сезоната

Ван дер Сар открива: Три големи ѕвезди го напуштаат Ајакс на крајот од сезоната

Директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар со својата изјава ги израдува челниците на некои клубови, а пред се на Реал Мадрид.

Имено, тој изјави дека тројца од своите играчи ќе ги продаде во наредниот преоден рок.

„Ништо тука не се промени. Им ветивме претходната година на Онани, Таљифико и Ван де Бек дека ќе ги продадеме следната сезона.“ – изјави Ван дер Сар.

Попуст нема да има ниту за еден од наведените фудбалери, иако светот се наоѓа во голема криза поради коронавирусот.

Кога станува збор за потенцијалните купувачи, едно е сигурно, а тоа е дека Ван де Бек скоро сигурно ќе заврши во редовите на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус без осуммина против Наполи, Ехатор повторно на располагање

Лучано Спалети го врати Џеф Ехатор меѓу 21 повикан играч за дуелот со Наполи. Напаѓачот сè…