Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да стане уште еден во низата фудбалери кои ќе ја напуштат Европа и ќе се преселат на Блискиот Исток.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот има одлична понуда од екипата на Ал Наср од Саудиска Арабија, која може да го направи најплатениот дефанзивец на светот.
Со оглед на тоа дека има 33 години и Ливерпул е отворен за продажба и смета дека сега е вистински момент да заработи на негово заминување.
Генералниот директор на Ал Наср веќе се состанал со фудбалерот и му понудил договор според кој тој ќе стане најплатениот играч на својата позиција во светот.