Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк остана разочаран од играта на неговиот тим после ремито со Челзи во 21-то коло од Премиер лигата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените“ перфектно го започнаа мечот и брзо стигнаа до водство од 2:0, но на крајот одиграа реми, па сега заостануваат 10 бода зад лидерот Манчестер Сити.




„Заостануваме на табелата. Во моментов Сити ја држи титулата во свои раце, но се може да се случи. За жал, ние бевме блиску, но се отпуштивме и тие го искористија тоа. Потребно е да победуваме и да покажеме добар квалитет“, изјави Ван Дајк.