Дома Фудбал Репрезентации Ван Гал: Приказните за развој на фудбалот се глупости, Мундијалот во Катар е само за пари!

Ван Гал: Приказните за развој на фудбалот се глупости, Мундијалот во Катар е само за пари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луис Ван Гал денес изјави дека е смешно што Светското првенство се одржува во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домаќинството на Катар е едно од најконтроверзните во историјата на ФИФА. За Ван Гал овој Мундијал е само за пари и комерцијални интереси.

„Смешно е што ќе играме во Катар. ФИФА ни кажува дека тоа е поради развојот на фудбалот во земјата и како работат на развојот? Така што ќе организираат турнир таму? Тоа се глупости. Станува збор само за пари и комерцијални интереси. Тоа е она што е важно за ФИФА“, изјави Ван Гал.

Гласањето во кое Катар го доби домаќинството на овој Мундијал беше проследено со бројни обвинувања. Катар исто така беше мета на критики од бројни агенции кои се заложуваат за правата на работниците.

„Зошто мислите дека не сум во комисиите на ФИФА со својата стручност? Затоа што сум секогаш против некоја ваква организација која не е во ред“, додаде холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…