Дома Фудбал Ван Бастен: Ван Дајк не е добар капитен, само креира хаос

Ван Бастен: Ван Дајк не е добар капитен, само креира хаос

Легендата на холандскиот и светскиот фудбал, Марко ван Бастен отворено го критикуваше капитенот на репрезентацијата Вирџил ван Дајк.

Ван Бастен е лут на понижувачкиот пораз од Франција (4:0)  и според него Ван Дајк не е вистински лидер и не дава јасни инструкции на соиграчите.

„Тој само прави бучава, но не кажува ништо. Не е јасен и прецизен. Добар капитен размислува на глас, кажува јасно што се случува. Тој само стои таму и креира хаос. Ова потоа носи недоразбирања. Во соблекувалната е добар, во фудбалот тактички и технички не. Потребен е џентлмен на теренот, лидер“, изјави Ван Бастен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…