Дома Фудбал Останато Ванда за трансферот на Икарди: ПСЖ беше најлошата опција за мене

Ванда за трансферот на Икарди: ПСЖ беше најлошата опција за мене

0

Maуро Икарди во последниот ден од преодниот рок се пресели во ПСЖ на позајмица после долгата драма која ја предизвика во Интер.

Ќе потсетиме, Интер му ја одзема капитенската лента откако Аргентинецот глумеше повреда и го исфрли од екипата на неколку месеци. Подоцна го вратија од тимот, Икарди одби да им се извини на соиграчите, а од почетокот на припремните не беше во плановите на Антонио Конте.

Дури размислуваше и да го тужи клубот за мобинг.

Сега го продолжи договорот со Интер до 2022 година и замина на позајмица, ПСЖ ќе има опција да го откупи неговиот договор за 65 милиони евра на крајот од сезоната. Ванда истакна дека овој потег бил нејзин „кец во ракавот“.

„Ако чекав до последен момент тоа е затоа што имав „кец во ракавот“. Децата одат на училиште во Италија, па така ќе живеме помеѓу Милано и Париз. Од три опции кои ги имавме, ПСЖ беше најлоша бидејќи морам да се вратам во Милано да живеам со децата. Но, размислував што е најдобро и за Мауро. Го сакаа повеќе италијански клубови и тоа ќе беше полесно“, изјави Ванда.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слободни удари: Меси па – Коларов!

Александар Коларов дефинитивно е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот…