Иван Ракитиќ завчера изјави дека во моментов не се чувствува среќен во Барселона затоа што клубот му го зел тоа што најмногу го сака, топката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ракитиќ изјави дека се чуствува како девојче на кое му е одземена играчката, со што повеќе ги засили шпекулациите за негово заминување од Барселона.
Изјавата на Ракитиќ ја искоментира и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде кој очигледно не е многу загижен за Хрватот.
„Ракитиќ се чувствувал како девојче на кое му е одземена играчката? Немам коментар на зборовите на Иван“, изјави Валверде.
Ракитиќ во Барселона е повеќе од пет години, но оваа сезона се најде во немилост на тренерот кој му дава многу помала минутажа.