Англиските медиуми пишуваат дека репрезентативецот на Велс, Герет Бејл не ги исполнил очекувањата на Тотенхем и поради тоа ќе се врати во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бејл не добива голема минутажа кај Жозе Мурињо, кој сака да го врати фудбалерот назад во Мадрид, а од тоа најмногу се плаши „кралскиот клуб“.
31-годишниот Велшанец во моментов има статус на позајмен фудбалер и не ја отфрла можноста да се врати во Реал Мадрид. Тој има договор до 2022 година со „кралевите“ и на лето голема е веројатноста да се врати во Мадрид.
Доколку се оствари тоа сценарио, тогаш постои можност Реал да остане без Килијан Мбапе, по чиј потпис планираа да тргнат следното лето.