Дома Фудбал Важни три бода за Челзи, Вернер го реши лондонското дерби 🎥

Важни три бода за Челзи, Вернер го реши лондонското дерби 🎥

Фудбалерите на Челзи стигнаа до победа против Вест Хем од 1:0 во рамките од 33. коло во англиската Премиер лига.

Челзи така продолжува трката за Лигата на шампионите со градскиот ривал и се зацврсти на табелата со 58 освоени бодови, додека Вест Хем е пети со три бода помалку.

Голот на одлука го постигна Тимо Вернер во завршницата од првиот дел. Иако видовме повеќе прилики и на двете страни, сепак нов погодок немаше. На Челзи работата беше олеснета во 81. минута кога беше исклучен Фабијан Балбуена.

Со помош на ВАР судијата Крис Каванг утврди дека неговиот старт е за директен црвен картон, па Вест Хем остана со десет играчи до крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тоне во повреди, Торино го прескокна: Торино има нова причина за славење

Нико и Челик се надвор од комбинација до паузата, а Сар е неизвесен за Лече. Во меѓувреме,…