Дома Фудбал Важен потпис на „Стенфорд Бриџ“: Давид Луиз го продолжи договорот!

Важен потпис на „Стенфорд Бриџ“: Давид Луиз го продолжи договорот!

Откако синоќа изборија пласман во финалето од Лига Европа, денес раководството на Челзи ги израдува фановите со нова убава вест.

Имено, Давид Луиз стави потпис на нов договор и ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ најмалку до 2021 година.

„Среќен сум овде и многу ми е мило што ми беше понудена шанса да останам во Челзи. Го сакам овој клуб и имам амбиции како да сум на почетокот на кариерата“, истакна Давид Луиз.

Договорот на 32-годишниот Давид Луиз истекуваше на крајот на сезоната, па „сините“ му ја исполнија желбата и му понудија двегодишен договор.

Бразилецот пристигна на „Стенфорд Бриџ“ во јануари 2011 година, потоа во 2014 година беше продаден во ПСЖ, а две години подоцна повторно се врати во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…