Дома Фудбал Англија Важен потпис во Челзи: Аспиликуета верен до 2022 година!

Важен потпис во Челзи: Аспиликуета верен до 2022 година!

Шпанскиот дефанзивец Цезар Аспиликуета официјално го продолжи договорот со Челзи и се обврза на верност до 2022 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аспиликуета во 2012 година пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Марсеј, а изминатите години се етаблираше како еден од најважните фудбалери во тимот.

Шпанецот веќе има 298 настапи за „сините“, а денес стави потпис на нов договор до 2022 година, според кој ќе заработува 150.000 фунти неделно.

„Многу среќен што ја продолжив соработката со Челзи. Од моментот кога дојдов во клубот, ја чувствувам радоста и одговорноста да се игра за тимот. Се надевам во иднина ќе се случат нови големи нешта и ќе го вратиме Челзи каде што припаѓа“, изјави Аспиликуета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус во страв: Влаховиќ подготвува „ладна одмазда“ за предавството од 90.000.000!?

Се почесто се огласуваат најавите дека Душан Влаховиќ би можел за време на летниот трансфе…