Дома Фудбал Останато Буфон: Скандалозно е тоа што Нејмар нема освоено „Златна топка“

Буфон: Скандалозно е тоа што Нејмар нема освоено „Златна топка“

Џанлуиџи Буфон оваа лето после долги години го напушти Јувентус, а за нова дестинација го избра француски Пари Сен Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во ПСЖ соработува со голем број квалитетни фудбалери, но секако во прв план се истакнуваат Килијан Мбапе и Нејмар.

Бразилецот Нејмар веќе со години е во самиот врв на светскиот фудбал додека Мбапе штотуку започнува да блеска во полн сјај. Италијанскиот голман ги цени и двајцата, но смета и што е скандалозно тоа што Нејмар се уште нема „Златна топка“.

„Сум играл со голем број шампиони. Не се сомневам дека во ПСЖ има такви шампиони, Нејмар и Мбапе се со такво педигре. За мене е скандалозно што Нејмар нема „Златна топка“ и сум му го кажал тоа и на него“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиол на Светското првенство дознал вест која би можела многу да измени

Англиските медиуми објавија дека Манчестер Сити подготвува нов повеќегодишен договор за хр…