Живата легенда на италијанскиот фудбал Џанлуиџи Буфон потврди дека ќе ја продолжи кариерата, иако веќе има полни 43 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Буфон најави заминување од Јувентус на крајот на сезоната, но воопшто не размислува за пензија и е спремен да ги слушне понудите.
„Сега повеќе не ми е целта да освојувам трофеи, туку да се натпреварувам со самиот себе. Можам да играм и во Серија Ц. Треба да најдам некој полуд од мене кој ќе ми испрати понуда“, истакна Буфон.
„Во еден момент сигурно ќе завршам со играње фудбал. Имам 43 години и пензијата може да се случи во секој момент. Но сега сум спремен да продолжам да играм и очекувам понуди“, додаде Буфон.