Дома Трансфер зона Буфон во договорот со Јувентус ќе има специјална клазула која ќе го направи рекордер

Буфон во договорот со Јувентус ќе има специјална клазула која ќе го направи рекордер

0
bufon

Се чека само официјалната потврда!

Пред два дена силно одекна веста дека легендарниот голман Џанлуиџи Буфон се враќа во Јувентус после неуспешната едногодишна авантура во Пари Сен Жермен.

Кога би можел да го врати времето Буфон веројатно не би повлекол таков потег, но затоа во актуелниот преоден рок има прилика да се врати во клубот каде што е сметан за вистинска легенда и каде што помина цели 17 години.

Како што стојат работите тоа и ќе се случи.

Неговиот менаџер потврди дека постои желба популарниот Џиџи да се врати во Јувентус, а денес од блиски извори се појавија нови информации за деталите од договорот.

Буфон во Јувентус ќе заработува милион ипол евра плус дополнителни бонуси, после таа година тој би требало да превземе некоја од директорските функции во клубот.
Меѓутоа освен заработката медиумите откриваат и една посебна клазула која Буфон ќе го направи рекордер во Серија А.

Имено, во договорот на легендарниот голман ќе биде вметното клазула според која тој ќе мора да одигра најмалку 10 натпревари, а од нив осум треба да биддат во Серија А и уште два во Лигата на шампионите.

Овие осум во Серија А ќе имаатп осебно значење затоа што на нтој начин Буфон ќе го симне од врвот Паоло Малдини кој со 647 настапи е рекордер во италијанското првенство.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Уште една „отфрлена“ ѕвезда на Јунајтед се сели во Италија

Немања Матиќ оваа сезона изгледа не е во првите планови на тренерот на Манчестер Јунајтед,…