Дома Фудбал Останато Буфон бил одлучен да се пензионира: Само ПСЖ и уште два клуба можеле да влијаат на неговата одлука

Буфон бил одлучен да се пензионира: Само ПСЖ и уште два клуба можеле да влијаат на неговата одлука

Ова лето легендарниот голман Џанлуиџи Буфон одлучи да го напушти Јувентус, но не ја заврши кариерата туку направи трансфер во Пари Сен Жермен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Буфон сега откри дека тој имал намера да се повлече во случај да не добие понуда од три клуба, секако еден од нив бил ПСЖ. Останатите два клуба кои можеле да влијаат тој да ја промени одлука биле шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.

„Да, донесов одлука да заминам во пензија. Единствена опција да не го направам тоа беше ПСЖ, Реал Мадрид или Барселона да испратат понуда. Трансфер во некој од овие три клуба го сметав за лудост и не верував дека може да се случи. Знаев што ќе правам после завршувањето на кариерата, но повикот од ПСЖ стигна во мај“.

„Тогаш одлучив да размислам и на крајот донесов одлука да ја променам одлуката. Наша цел е да ја освоиме Лигата тоа е нешто во кое се обидувам веќе 24 години и знам дека е тешко да се стигне до трофеј“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендата на Арсенал: Тоа што го прави Симеоне е досадно. Џерард: Зарем Артета не го прави исто?

Легенди на англискиот фудбал ги спротивставија своите мислења во студиото на TNT Sports ок…