Дома Македонски спорт Мак ракомет Бутел доведе засилување од Вардар!

Бутел доведе засилување од Вардар!

Организаторот на играта Стефан Крстевски е нов ракометар на Бутел Скопје, откако потпиша договор на една сезона.

23-годишниот среден бек (189/83) доаѓа од шампионот Вардар, со кој вчера ја освои титулата во Суперлигата.

„Мојата одлука да се преселам во тимот на Бутел Скопје беше исклучително лесна. Гледам голем простор за мојот напредок како играч во овој амбициозен клуб. Со повеќето играчи сум играл во минатото и мислам дека токму тие ќе бидат од голема помош во моето вклопување и адаптација во тимот. Бутел има големи амбиции и очекувам уште една успешна сезона, како во македонските конкуренции, така и на меѓународна сцена“, изјави Крстевски.

Средниот бек потекнува од Преспа Ресен, каде што играше до 2014 година, потоа беше член на Вардар две сезони, настапуваше и за Вардар Јуниор до 2020, една сезона играше и за Работнички, пред да се врати во Вардар, со кој играше и во Лигата на шампионите

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ракометарките поразени од Турција на стартот на Медитеранските игри

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз на стартот на Медитеранските…