Дома Фудбал Англија Бруно Фернандеш: Роналдо се распрашува за Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандеш: Роналдо се распрашува за Манчестер Јунајтед

Новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ги коментираше пријателските односи со својот сонародник Кристиано Роналдо.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Секогаш кого зборувам со него тој се распрашува за тоа како стојат работите во Јунајтед. Сите знаат дека тој има специјален однос со клубот. Му се допаѓа Јунајтед, тука ја освои првата Златна топка“, изјави Фернандеш.

25-годишниот Португалец смета дека донел правилна одлука кога потпишал за „црвените ѓаволи“.

„За мене е остварување на сонот што играм во Јунајтед, независно што зборуваат луѓето за клубот. Мене ми е местото тука, одлично се вклопив“, додаде Португалецот.

Бруно Фернандеш се пресели на „Олд Трафорд“ во јануари за 46 милиони фунти од Спортинг и веднаш се наметна како клучен фудбалер во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Петиција против Мбапе го руши интернетот: Повеќе од 10 милиони луѓе бараат моментален отказ

На социјалните мрежи се појави масовна онлајн петиција каде навивачите на „кралскиот клуб“…