Дома Фудбал Брука: Фудбалерите на Челзи се расправаа кој ќе го изведе пеналот при резултат 4:0

Брука: Фудбалерите на Челзи се расправаа кој ќе го изведе пеналот при резултат 4:0

Челзи го победи Евертон со 6:0 во натпреварот од 33. коло на англиската Премиер лига по четирите гола на Кол Палмер и по еден на Николас Џексон и Алфи Гилхрист.

Петтиот гол на Челзи, а четвртиот на Палмер, дојде по удар од белата точка. Пред пеналот бевме сведоци на една бизарна ситуација.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Палмер падна по еден дуел во шеснаесетникот, но судијата не досуди пенал по тој пад, туку неколку секунди подоцна по прекршокот над Нони Мадуеке.

Очигледно поради ова, Мадуеке мислеше дека е редот да го изведе пеналот, а Палмер не се согласи со тоа и ја зеде топката сам да го изведе.

После тоа во турканицата се приклучи и Џексон, но на крајот Палмер сепак ја задржа топката и постигна гол. Колку е бизарна ситуацијата во која се најдоа фудбалерите на Челзи најдобро опишува реакцијата на коментаторите на натпреварот.

„Кол Палмер го носи Челзи и ги постигна сите пенали што ги изведе досега, а Мадуеке и Џексон го прават ова. Очигледно нешто им фали, некаква даска во главите“, рече коментаторот на „Арена спорт“ во живо.

Needless pushing and shoving as both Nicolas Jackson and Noni Madueke are unhappy they can’t take the penalty
byu/dragon8811 insoccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не…