Дома Фудбал Италија Брука за Рома: Тренерот направи една измена повеќе од дозволеното!

Брука за Рома: Тренерот направи една измена повеќе од дозволеното!

Фудбалерите на Рома доживеаа шокантна елиминација од Специја во италијанскиот Куп после продолженија 2:4.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, римскиот клуб додатно се посрамоти. Фонсека направи дури шест измени на овој натпревар, иако според правилата се дозволени пет, па мечот може да биде заверен со службени 0:3.

Конфузијата на клупата на Рома настана поради прописите на ФИФА дека може да се направи дополнителна измена во продолженијата, шеста според новите правила, но тоа не важи за Купот на Италија.

Лоренцо Пелегрини се обиде да го предупреди Фонсека дека не е дозволена шеста измена, но од таборот на Рома не го послушаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поголемо засилување од Роџерс: Челси подготвува понуда за потпис на ѕвезда вредна 80 милиони фунти

Челси веќе мораше да го продаде Марк Кукурелја ова лето, а можеби ќе го загубат и Енцо Фер…