Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ успеа да слави голема победа над Џејд Џонс во првата борба на турнирот на Олимписките игри во Париз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Џонс влезе како голема фаворитка, но Рељиќ со одлична борба ја елиминираше со победа од 2:1.
Победата на македонската претставничка е главна тема и во британските медиуми кои пишуваат дека сонот на Џонс која е една од најголемите во историјата на овој спорт е срушен.
Се огласи и поранешната светска шампионка Бјанка Кук.
„Знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и така ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронза преку репасажот. Скршена сум поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент“, порача Кук.