Дома Фудбал Англија Брендан Роџерс пред враќање во поранешниот клуб

Брендан Роџерс пред враќање во поранешниот клуб

Шкотски Селтик е блиску до договор со Брендан Роџерс кој би можел да ја преземе функцијата менаџер, пренесуваат британските медиуми.

Роџерс Селтик го водеше од 2016-та до 2019-та година и во секоја сезона ја освојуваше шампионската титула, а според информациите од Шкотска 50-годишниот тренер е пред враќање во клубот.

Според информациите од двете страни денес би требало да се одржи нов разговор, а извори блиски на „Скај“ тврдат дека соработката е на повидок.

Поранешниот менаџер на Ливерпул на почетокот на април доби отказ од Лестер по серијата лоши резулати, а „лисиците“ на крајот испаднаа од друштвото на најдобрите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Федерико Киеза на излез од Ливерпул, три клуба заинтересирани

Федерико Киеза би можел да го напушти Ливерпул и да се врати во Серија А, со интерес од Ин…