Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница по враќањето од Златибор ќе одигра уште два пријателски натпревари

Брегалница по враќањето од Златибор ќе одигра уште два пријателски натпревари

Фудбалерите на Брегалница заокружија повеќе од успешни десетдневни подготовки на Златибор, каде беа одиграни и четири квалитетни пријателски натпревари.

Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски може да биде задоволен од реализираното во српскиот подготвителен центар каде „сините“ запишаа три победи, против црногорските Морнар и Искра Даниловград, како и против српскиот прволигаш Бачка Паланка, и едно реми (2-2) со Графичар од Белград.

По вчерашната победа против Бачка Паланка од 2-1, „сината експедиција“ денеска се враќа во Штип.

„Може да искажеме задоволство од реализираните подготовки на Златибор каде имавме одлични услови за работа овозможени и од хотел ’Паласид’, согласно и препознатливото гостопримство. Пред тимот, по враќањето во Македонија, сега е финалната фаза од подготовките за новата сезона“ – вели извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.

Брегалница низ последната фаза од подготовките ќе одигра и два пријателски натпревари, против Тиквеш на 28. јули, а генералката пред новата сезона ќе биде на 1. август против Силекс.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Aрдиан Беќири за поцврста одбрана на Ренова

Oд денес нов играч на Ренова е Ардиан Беќири (20). 20-годишниот дефанзивец во Ренова прист…