Дома Фудбал Останато Братот на Роналдо под истрага – шверцувал дресови?!

Братот на Роналдо под истрага – шверцувал дресови?!

Хуго Динарте Авеиро, познат во јавноста како брат на португалската ѕвезда Кристиано Роналдо се најде во големи проблеми со законот поради неговиот очигледно нелегален бизнис.

Италијанските „Ла Стампа“ и „Ла Република“ пишуваат дека Авеиро е под истрага затоа што на црниот пазар продавал посебни дресови на „Адидас“ кои требало да бидат уништени.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Поедноставно, братот на Роналдо кој секоја година заработува милиони и милиони од разни страни шверцувал 13.000 дресови.

Неговата компанија „Мусара“ се наоѓа во големи проблеми. Проблемот настанал кога дресовите биле забележани во музејот на Кристиано Роналдо каде што се продавале по 40 евра. Хуго е пријавен и против него е поднесена тужба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Радост во Барселона: Гави конечно ги обнови тренинзите

Талентираниот халф на Барселона, Гави, денес ги обнови тренинзите со основната група, што …