Дома Фудбал Репрезентации Бразил остана без селектор

Бразил остана без селектор

Петкратниот светски шампион Бразил е во потрага по нов селектор.

Досегашниот селектор Фернандо Диниз и официјално ја напушти клупата на јужноамериканската селекција. Зад Бразил е една од најслабите години во историјата на репрезентативниот фудбал.

„Кариоките“ се дури шести во квалификациите за Светското првенство, а отпуштениот  Дијаз нареди три порази во низа од Уругвај, Колумбија и Аргентина.

Паралелно со Бразил Дениз го водеше и Флуминенсе со кој триумфираше во Копа Либертадорес.

Претходно како главен фаворит за селектор на Бразил беше Карло Анчелоти, но откако тој го продолжи договорот со Реал Мадрид се споменуваа Мурињо и Зидан. Бразил на последниот Мундијал во Катар беше предводен од Тите и стигна до четвтфиналето, Диниз по него дојде на позицијата како привремено решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Дими…